Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува денешниот случај на физички напад врз новинарката на Канал 5 Телевизија Мирјана Мирчевска – Јовановиќ која известувала од манифестацијата за одбележување на Водици во Скопје.
Инцидентот кој бил предизвикан кога новинарката била нападната од вработени во агенцијата за обезбедување „Никоб“ ангажирана од МПЦ претставува напад врз безбедноста на новинарите при професионалното извршување на нивната работа.
За СЕММ е целосно неприфатливо на каков и да е начин да се спречува професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од закани и притисоци.
Државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување.