ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – денеска се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во источните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе биде над 30 литри на метар квадратен. Утринската температура ќе се движи од -2 до 6 степени, а дневната максимална ќе достигне од 2 до 9степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и со кратки сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 5 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи, а во петок и за време на викендот се очекува стабилно време со пораст на температурите, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. По котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.