Договорот од Преспа претставува пример за решавање на проблемите во Европа и пошироко, изјави францускиот претседател, Емануел Макрон, говорејќи за спорот со името на Петтиот самит на земјите од Југот што се одржува во Кипар, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.
Тој истакна дека договорот е надеж за сите дека дијалогот води до резултати.
-Би сакал да ги споменам премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, кои заедно се договорија за името Северна Македонија, усвојувајќи го договорот. Тоа е одличен пример за Европа и порака на надеж за сите нас – рече Макрон.
Францускиот претседател, говореше и за билатералните односи меѓу Франција и Кипар, потврдувајќи ја поддршката на Франција во напорите за решавање на кипарскиот проблем.
meta.mk