НАСТАНИ: КУРС ЗА ОНЛАЈН МАРКЕТИНГ – НАУЧИ СО РАБОТА НА РЕАЛЕН ПРОЕКТ

Сподели

Mdkurszaonlajnmarketingkursevi

Public Room, 21 Јуни

За прв пат се организира курс за Маркетинг каде ќе се работи на реален проект каде учесниците ќе имаат шанса сами да креираат маркетинг кампањи за реални примери и кoи ќе се бодуваат и натпреваруваат низ целиот курс.

Најдобрите ќе бидат јавно прогласени и ќе добијат награда.

На овој 4 дневен курс, низ примери и вежби ќе образложиме повеќе маркетинг стратегии мeѓу кои ќе биде и стратегијата која ја креиравме за Brainster при самото започнување која ни донесе продажба од повеќе од 20 000 евра за само 4 месеци, без притоа да платиме ниту 1 евро за маркeтинг.

Ќе ја разгледаме ПР стратегијата на Brainster која ни донесе 70 објави во медиуми меѓу кои и објави во Forbes и Huffington Post.

ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ:

Еволуцијата на дигиталниот свет во претходните 5 години комплетно го има сменето начинот на кој комуницираат, учат и конзумираат продукти или услуги. Повеќе од секогаш, брендовите имаат можност да стигнат до повеќе клиенти и да ги слушат нивните барања со цел да ја прилагодат нивната порака, бренд и стратегија.

Со овој курс за Дигитален Маркетинг ќе направиме сеопфатен преглед на дигиталниот маркетинг, новите трендови, корисни алатки, но ќе се фокусираме на повеќе квантитативни аспекти, изнаоѓање на нови маркетинг канали и ефективни современи маркетинг кампањи.

Учесниците на овој курс ќе научат како да користат аналитика за сегментирање и таргетирање на користниците со цел создавање на вистински ефективна маркетинг кампања.