„Движење за чист воздух“ го блокираа патот до депонијата Дрисла

Сподели

Граѓанската иницијатива „Движење за чист воздух“ во знак на револт поради инертноста на надлежните кога станува збор за најголемата депонија во државата и енормното загадување на воздухот кој го дишат скопјани, еколошките активисти денеска го блокираа патот до депонијата Дрисла.

Смена на правилникот за извршување инспекциски надзор, усогласувајќи го со ЕУ нормативита за диоксини, формалдехиди и фурани. Во најбрз можен рок да се донесат правилници за индустриски емисии и воведување најдобри производствени пракси за тој сектор. Да се раскине договорот со италијанската фирма-концесионер „ФЦЛ Амбиенте“, поради неисполнување на договореното за „Дрисла“ – се барањата на еко-активистите од разни организации и иницијативи.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, рече дека до февруари се очекува да има јасен извештај од Комисијата, формирана специјално за да ги разгледа понудите на новите концесионери за управување со Дрисла.