МНТ: „Духот кој оди“ – Српско народно позориште

Сподели

МНТ, „Духот кој оди“ – Гостува Српско народно позориште, Нови Сад, 18. февруари

„ДУХОТ КОЈ ОДИ“ (Патот на Прометеј)
Копродукција Српско народно позориште и Центар за развој на визуелна култура

Автор: Дејан Дуковски
Режисер: Александар Поповски

Превод: Вера Василиќ
Музика: Бариш Маниса
Сонг: Срѓан Стојновиќ
Сценографи: Таџисер Севинќ и Саша Сенковиќ
Костимограф: Марина Сремац
Сценски движења: Иста Степанов
Асистент на режисерот: Момчило Миљковиќ

Улоги:
Мара – Ненад Пеќинар
Никола – Душан Јакишиќ
Кирил, Морфа – Милорад Капор
Попот – Игор Павловиќ
Жан – Страхиња Бојовиќ
Келнер, Николај, Месарот, Волкот – Радоје Чупиќ
Марија – Јована Стипиќ
Аспасија – Гордана Ѓурѓевиќ Димиќ
Жозефина – Алиса Лацко
Милена – Даница Грубачки

Инспициент: Владимир Савин
Суфлер: Срѓан Стојновиќ
Асистент на сценографот: Нада Даниловац
Светло – мајстор: Мирослав Чеман
Тон – мајстор: Владимир Огњеновиќ

За текстот:
„Решението ни е пред носот, но не го гледаме“ – Какво решение? – Решение за ова срање. – Мислите на ова наше срање или на ова наше – наше срање?“
Така почнува оваа драма и личната епопеја на главниот лик Мара, иницирана од прилично посраната ситуација во која се наоѓа. Нему систематски му е направена неправда и тој решава да тргне во борба за своите права. Тргнува во ирационален поход против корумпираниот систем/општество.
Во војна, сам против сите. Неговото главно оружје е хипнотичката моќ на убедувањето, а неговата метода е убивањето. Крваво гази сè и секого кој му застанува на патот, одејќи како носорог по својата патека за правда, патот на слободата. Кој е Мара? Херој? Убиец? Обичен човек донесен до елементарна опструкција на здравиот разум? Дух со секира или виор на револуцијата што ја кине главата на режимот… Можеби само идеја, која денес има многу обесправени.
Дејан Дуковски

Времетраење: 1 час и 40 минути
Премиера: 15-ти септември 2015, сцена „Пера Добриновиќ“

Декорот, костимите и останатата сценска опрема е изработена во работилницата во Српско народно позориште.