Трамп денеска со втор говор за состојбата на нацијата

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Конгресот треба да го одржи неговиот втор говор за состојбата на нацијата – пренесува РСЕ.

Се очекува Трамп да се фокусира врз имиграцијата, конфликтите на Блискиот Исток и силната американска економија. Денешниот говор доаѓа во време на растечка политичка битка меѓу него и демократите во Конгресот. Претходно говорот беше планиран неколку дена пред истекот на 35 дневната делумна блокада на владата, најдолга во американската историја. Но, демократскиот спикер на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го отфрли тоа се додека не биде прекината владината блокада.