Ќе се отстранува железната ограда околу Владата

Сподели

На денешната редовна владина седница, одлучено е да се отстрани железната ограда околу владиниот објект, информираат Владата.

Според Владата, целта е да се ослободи целосно јавниот простор околу објектот и да стане подостапен за користење од граѓаните.

Демонтирањето на оградата се ветуваше уште пред две години, но, сепак, таа остана околу некогашниот репрезентативен објект на Петар Муличковски, кој од пред некоја година е „барокиризан“ во духот на проектот „Скопје 2014“.

Заобиколувањето на владиниот објект со бетонски столбови и метална ограда беше направено во септември 2015 година и чинеше 700.000 евра од државниот буџет. Голем дел од јавноста реагираше и ваквиот зафат го окарактеририра како „оградување од граѓаните и нивниот револт“.