Локацијата на новиот Клинички центар ќе биде во општината Ѓорче Петров, изјави попладнево министерот за здравство Венко Филипче. Ваквата одлука била донесена навладината седница.
Во игра за локацијата биле три локации – во Карпош, Ѓорче Петров и Петровец.Тим од експерти донел заклучок дека за изградба на новиот клинички идеална е локацијата во Ѓорче Петров, прво заради положбата, понатаму заради тоа што најбрзо можеше да се изготват сите потребни проектни документи и заради тоа што најмалку чини, практично целото земјиште е државно, рече Филипче.