Комисијата за закони на албанскиот Парламент едногласно го одобри протоколот за членство во НАТО, со кој се отвора патот за ратификација на истиот на пленарна седница.
Гласањето во законодавниот дом во Тирана ќе биде во четврток кога се очекува без проблеми да се изгласа едногласно приемот на Македонија како нова членка на НАТО.
Утре на вонредна седница, словенечкиот Парламент треба да го ратификува Протоколот за членство на Македонија НАТО.