Aмбасада на САД: Постои зголемен ризик од терористички напад во Северна Македонија

Сподели

Амбасадата на САД во Скопје издаде безбедносно предупредување до своите државјани кои престојуваат во Македонија да бидат внимателни.

– Има зголемен ризик од терористички напади инспирирани (поттикнати) од екстремистичка идеологија во Северна Македонија. Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичка идеологија имаат намера да напаѓаат цивили, вклучувајќи и американски граѓани кои патуваат во странство. Терористите се повеќе користат помалку софистицирани методи, вклучувајќи пиштоли, возила и ладно оружје, чија цел е народ (поголеми групи луѓе) на јавни места. Терористички напади и други безбедносни инциденти често се случуваат без какво било предупредување, па американските граѓани се поттикнуват (охрабруваат) да одржат високо ниво на будност. Екстремистите се повеќе имаат за цел да одберат и нападнат „лесни цели” како што се шопинг молови и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, училишта, паркови и места каде што се одржуваат јавни настани (спортски натпревари, политички собири, демонстрации, собири за празници, прослави и сл.), соопштуваат од Амбасадата на САД.

МВР само еден час претходно објави дека е спречен терористички напад, но без какви било детали.