Се навршуваат 15 години од авионската несреќа во која животот го загуби претседателот Борис Трајковски. Ова е поводот уште еднаш да ги отвориме наодите од двете спроведени истраги за причините за падот на владиниот кингер, но и да се потсетиме – кој беше политички Борис Трајковски.
Истражителите од Сараево тврдат дека лоцирале вина за падот на владиниот кингер – обвинителството во Скопје останува на ставот дека нема случај.
Кој беше Борис Трајковски и што може да се научи од неговото политичко наследство – зборуваат неговите најблиски соработници Јолевски, Пендаровски и Димитров;
„360 Степени“ од Скопје, Сараево и Ротимље.