Богоевски: На виделина излегоа суштинските проблеми во начинот на претседавањето со Собранието и однесувањето на ДУИ

Сподели

-“Талат Џафери и Ејуп Аљими повторно се обидоа да ја префрлат вината на Мухамед Зекири и мене. Одбивам да се впуштам во натпревар по викање и препукување преку социјални медиуми и прес конференции, без директно спротивставување на аргументи. Токму тоа го сакаат, оваа состојба да се претвори во уште еден политички циркус без никаков епилог.

Реалноста е дека случувањата овие денови изведоа на виделина суштински проблеми во начинот на претседавањето со Собранието и однесувањето на пратеничката група на ДУИ, во нивната посветеност на тоа што требаше да бидат заднички вредности.

Мора да постои одговорност и конкретни последици од сценираното фијаско кое толку очајно се обидуваат да го прикријат.”

Изјави, Павле Богоевски