Мухамед Зеќири во гостувањето во емисијата на 1ТВ, изјави дека ДУИ е многу алергичен кога ќе се напомене дека некој нивен има вмешано во кривични дела. Тој изјави дека Ахмети сака да релативизира.
-” Тој сака да релативизира со таа изјава. Не сака да влева масло на огнот. Сака да ја спушти топката, но проблемите се евидентни за одредени работи и ние за тоа разговараме внатре во партијата. Самиот факт што оние се вознемирија толку откако Царовска го објави скандалот, значи дека не им е сеедно, они се алергични кога ќе се спомне правната држава и дека се вмешани нивни функционери. Обвинителството покрена постапка. Тоа е злоупотреба на 19 милиони. Со ПИОМ се знае кој раководел и на крај ќе се покаже во јавноста кој се огрешил и кој ќе сноси одговорност“ – изјави Зеќири.