ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев и Царовска ја менуваат дефиницијата на брак помеѓу еден маж и една жена?

Сподели

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со резерва гледа на Законот за спречување и заштита од дискриминација предложен од Зоран Заев и Мила Царовска, бидејќи во предлог законот се брише одредбата дека бракот е заедница помеѓу маж и жена.

Ги прашуваме Зоран Заев и Мила Царовска зошто сакаат да ја сменат дефиницијата на брак помеѓу еден маж и една жена, како и политика на посвојување на деца? Јавно прашуваме што значи воведувањто на новиот термин „родов идентитет“ ?

Досегашното македонско законодавство го познава поимот пол, кој што може да биде машки и женски. Полот е билошки детерминиран, со биолошките карактеристики.

Го прашуваме предлагачите што значи воведувањето на терминот „родов идентитет“? Дали родовиот идентитет може да биде флуиден и променлив ?

Дали воведувањето на категоријата „родов индентитет“ и промена на дефиницијата на бракот ќе доведе до промена на наставните планови и лекции за децата во градинките и основните училишта ?

Што значи актуелната предложена измена на законот за матичната евиденција со кој се овозможува промена на полот и единствениот матичен број во матичните книги. Дали ќе се укинат термините мајка и татко вклчувајќи ги наставните содржни во основното образование и дали следно е воведување на терминологијата родител А и родител Б.

Ова се крупни општествени прашања за кои сличен поглед имаат сите граѓани православните, муслиманите, католциите, протестаните, евреите и сите останати.  Во врска со овие прашања потребно е да се земат во предвид ставовите на МПЦ, ИВЗ, Катлочката црква, еврејската заедница и другите верски заедници. Живееме во држава и општество каде огромното мнозинство на граѓани се приврзаници до традиционалите и семејните вредности, кои што се наша заедничка вредност.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата секогаш е против било која форма на дискирминација и сака да гради општество без дискриминација – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.