Министерот Дамјан Манчевски вели повлекувањето од функционерските позиции на партиските членови е реакција на критиките од јавноста. Но прашува дали истото ќе важи и за непотизмот од минатото.
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска е категорична дека ќе ги истражуваат сите случаи со наводи за непотизам и ќе проверуваат дали постапката за вработување била прекршена. Во видео поткастот на РесПублика, Ивановска вели дека целта е изградба на систем кому сите ќе му веруваат.