-“МВР не е безбедноста во државата сама по себе, МВР и безбедноста во државата сме сите ние. И граѓаните и другите институции треба да преземат мерки од сопствената надлежност ако сакаме да бидеме ефикасни – изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тој информираше дека во 2018 година се случиле 18 убиста, од кои само едно не е расчистено.
-“Апелирам да не очекувате дека истрагите ќе ги водиме преку медиуми. Вие ќе ги поставите камерите, а јас ќе ги соопштам сите детали, иако знам дека тоа е многу интересно. Тоа од мене не го очекувајте. Кога ќе имаме конкретни информации, ние ги споделуваме со јавноста. Водењето истрага не значи градба на зграда. Тоа не е план што се прави однапред и точно секој ден да ги добивате тие податоци и информации”, рече Спасовски.