Ако не се прифати Договорот за Брегзит, Велика Британија може да остане во ЕУ

Сподели

Претседавачот со британската Конзервативна партија, Брендон Луис, денеска ги повика пратениците да гласаат за Договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ. Тој ги предупреди пратениците, меѓу кои и членови на неговата партија, дека доколку парламентот наредната недела го отфрли Договорот, постои можност Велика Британија на крајот да остане во ЕУ, – пренесува РСЕ.

Брегизт стапува на сила на 29 март и засега не се знае дали тој датум ќе биде одложен, ниту дали Велика Британија, чиј парламент засега се противи на Договорот, ќе излезе од Унијата со или без договор.