-” Ветуваа кога дојдоа, овие измамници од владата на чело со оној деспотот дека од Македонија ќе направеле успешна приказна. Дека ќе имало правдина за секого, дека немало правда, немало мир, а тие кога ќе дошле ќе имало и правда ќе имало и мир. Правда ли е 2 века казна за луѓето кои што згрешиле затоа што си ја сакале сопствената држава. Правда ли е тоа? Тоа е казна и се додека не ја исправиме таа политичка нарачка нема да има мир. Затоа што истовремено додека тие луѓе се во затворите со преку две века казна, злосторите од Смилковско слободно се шетаат.
Тоа ли е правда, тоа ли е мирот кој што ни го ветуваа?
Нема да се помириме додека не дојде вистинската правда!”
Изјави, Христијан Мицкоски
j