Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе учествуваат на работниот појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, во организација на министрите за надворешни работи на Грција и Романија, Катругалос и Малешкану.
Премиерот Зоран Заев утре ќе претседава со годинашниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација во Брисел. Претседавањето на Заев доаѓа како резултат на ротирачкото претседателство со Советот за стабилизација и асоцијација. За време на дводневна посета на Брисел предвдиена е и средба меѓу Заев и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Копретседавач на состанок ќе биде високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.