Познатата француска актерка Астрид Ветнал денеска од Белгија пристигнува во Охрид. Таа ја игра главната улога во филмот „Пат за Истанбул“ на Рашид Бушареб, кој публиката ќе го гледа на „Филм фест“ во Охрид.
Денеска е програмата од претпоследниот ден на фестивалот „Филм фест“, со прикажување филмови од кратката програма „Видици“, во рамките на Охридската филмска школа – ФИОФА.
Во рамки на главната програма во Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва ќе бидат прикажани филмовите „Би сакала да се измие дождот“ на Ѓилтен Таранч од Турција и документарниот филм „Над и под“ од швајцарско-германска продукција.
На фестивалот е предвидено да се прикажат вкупно 44 кратки филма, меѓу кои се пет македонски.