Кандидатите за Претседател на државата ги собраа потписите, но го чекаат крајниот рок за поднесување на кандидатурата до ДИК за да добијат уште некој ден за средби со граѓани.
Својата кандидатура со собрани потписи вчера ја достави независниот кандидат Блерим Река, поддржан од опозициските партии Алијанса за Албанците и Беса.
На 21. март истекува рокот во кој треба да се поднесат кандидатурите за претседателските избори.
Кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска – Давкова се уште не ги поднеле своите кандидатури.
Кампањата за претседател на државата почнува на 1. април и ќе трае до 19. април, по што следува изборниот молк.
Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21. април, а вториот ќе се одржи на 5. мај. По кој реден број ќе се најдат кандидатите, ДИК ќе утврди на 25. март со ждрепка.