ЕП: Поместување на часовникот се укинува во 2021 година

Сподели

Европскиот парламент изгласа укинување на летното и зимското сметање на времето.

Според сегашната директива на ЕУ, сите 28 земји-членки сега се префрлаат на летно сметање во последната недела од март и назад на зимско сметање во последната недела од октомври.

За две години, земјите кои планираат да останат засекогаш  на летното сметање на времето, треба да ги поместат сказалките последен пат во март 2021 година, а оние кои ќе изберат пресметка на зимскиот период ќе ги прилагодат своите часовници за последен пат во октомври 2021 година.

Европската комисија, задолжена за изготвување на законодавството во ЕУ, минатата година поднесе предлог, по јавната расправа, која покажа дека 84% од испитаниците сакале да престанат да го менуваат својот часовник.

Според одлуката, во 2021 година за последен пат ќе се случи корекција на времето. Односно, сите членки на Унијата коишто планираат засекогаш да останат на летното сметање на времето, ќе треба за последен пат стрелките на часовникот да ги поместат во последната недела од март 2021 година, а оние коишто ќе одберат зимско сметање своите часовници за последен пат ќе ги поместат последната седмица од октомври 2021 година.