Со непотпишувањето на Указите за рефомските закони, меѓу кои Законот за оперативно техничката агенција и за електронски комуникации, Ѓорге Иванов се потврди како кочничар на реформите и противник на професионалнилизација на безбедносните служби – изјави Шахпаска на денешната прес-конференција.
Освен овие закони, Иванов одбива да го потпише и Указот на Законот за заштита од дискриминација. Со тоа, Иванов се потврдува како промотор на дискриминацијата и противник на професионална Државна комисија за заштита од дискриминација.
Како што го започна така и го завршува мандатот. Иванов е против реформскиот процес, Иванов е против концептот фер општество кое штити од секаков облик на дискриминација.
И во последните денови од мандатот, Иванов останува доследен во своето делување спротивно на интересите на граѓаните и државата.
Од сето ова, добро е што мандатот на Иванов истекува за кратко. На Република Северна Македонија не и се потребни политичари кои се дел од деструктивната матрица на Никола Груевски, како што е Иванов, политичари кои сакаат државата да се враќа назад, во изолација и неизвесност.
Граѓаните на претстојните претседателски избори ќе изберат претседател кој достоинствено ќе ја претставува државата и ќе работи во интерес на граѓаните.