Народен Правобранител: Продолжуваат партиските вработувања и политичкиот реваншизам

Сподели

Според Годишниот Извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2018 година,  до Народниот правобранител стигнале речиси 4.500 претставки. Од нив 947 претставки се поднеле за работата на судовите.  Граѓаните се жалеле и на работата на судската власт, на партиски вработувања преку наместени конкурси, несоодветни услови во затворите и домовите за деца без родители, како и незаконско постапување на полициските органи.

– Минатата година постапувавме по 4.482 претставки, од кои 3.458 беа примени во извештајниот период, при што 50 беа отворени по сопствена иницијатива за различни области – рече Бајрамовска-Мустафа, посочувајќи дека најголем број претставки биле од областа на правосудството, работните односи, казнено поправните установи, потрошувачките права, заштита на права при полициско овластување, финансиското работење, заштита на правата на етето, како и социјалната и здравствена заштита. Долгото траење на постапките, како што посочи таа, е основниот проблем за кој се бара заштита, а голем е и бројот на претставки во кои граѓаните изразуваат незадоволство од судските одлуки за кои сметаат дека се донесени пристрасно, селективно, под притисок и политичка мотивираност.
Се продолжува праксата со партиски реваншизам по спорведување на изборите, особено во сферата на образовнаието. Исто така, голем е бројот и на пријави за повреда на правата од работен однос. Дури 60 % од овие пријави се однесувале за наместени партиски конкурси, несоодветно распределување на работно место поради партиска припадност, како и на непродолжување на договорите за работа.

Народниот правобранител извештајот веќе го доставил до Собранието и бара да се согледаат нотираните слабости и да се изнајдат алатки за ефикасни решенија.