Косово во следните 10 години ќе ги забранува игрите на среќа

Сподели

Владата во Приштина на синоќешната седница ги усвои измените и дополненијата на законот за игри на среќа, со кои е предложена забрана на коцкањето и затворање на сите коцкарници во следните десет години.

„Ние го спроведуваме барањето на Собранието, барањето беше Владата да ги забрани сите видови коцкање на период од 10 години, како и сите игри на среќа“, изјавил косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

Следно е одлуката за 30 дена да биде доставена до Собранието, по што ќе следи усвојување и стапување во сила.

Одлуката се носи непосредно откако се случија две убиства во две коцкарници минатата недела.