Талат Џафери нема да закаже седница за законот за СЈО за време на предизборна кампања без разлика дали за тоа ќе се договорат партиите.
Џафери изјави дека постои формална можност во тој период да се закаже седница, но дека тоа нема да го стори, оти се покажало дека на такви седници пратениците тераат предизборна кампања. Законот за јавно обвинителство е дел од реформските закони кои ЕУ ги бара од земјата, изјави Џафери и притоа рече дека нема да се задоцни со носењето на реформските закони, оти и Извештајот на ЕУ за земјава ќе доцни малку, заради изборите за Европскиот Парламент.
Откако ќе завршат изборите, на седница ќе ги стави реформските закони на кои претседателот Ѓорге Иванов не стави потписи.Според Џафери, тие закони ќе чекаат потпис од новиот претседател за да бидат објавени во Службен весник. А ако не се избере претседател ни во вториот круг, тогаш не се исклучува можноста тој да ги потпише законите, оти во тој случај тој ќе биде вршител на должноста Претседател.