Музеј на современа уметност: Проекција на „Што е филм?“ од Сафија Бенхаим

Сподели

Со серија филмски проекции, разговори и предавања, со наслов „Што е филм?“ започнува редовната филмска и видео програма на Музејот на современата уметност

Првата авторка чие творештво ќе биде претставено е Сафија Бенхаим, која во своите филмови го истражува прогонот како тема, но и недефинираната граница меѓу документаристиката и играниот филм.

Со отворено предавање во 12 часот ќе заврши со проекција на филмот „Темна крв“. Разговорите после проекциите, како и предавањето ќе го модерираат кураторката на програмата Кумјана Новакова и реномираниот француски куратор и теоретичар, директор на фестивалот од Лузас, Кристоф Постик.

Сафија Бенхаим е филмска авторка. Како ќерка на марокански политички бегалци во нејзините филмови, прикажувани на филмски фестивали и во современи уметнички кругови, го истражува прогонот како тема и недефинираната граница меѓу документаристиката и играниот филм со посебен интерес кон приказните за духови. Нејзиниот филм „Магична треска“ ја освои наградата „Tiger Shorts“ на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Ротердам.