Прва ТВ дебата на претседателските кандидати (ВИДЕО)

Сподели

Првото телевизиско соочување на претседателските канидидати на телевизија Телма помина во знак на Преспанскиот договор и новото име на државата како и бенефициите и последиците од него.

За претседателскиот кандидат Стево Пендароски тоа е реалност која ни ги отвора вратите кон ЕУ и НАТО. Гордана Силјановска Давкова изјави дека ќе го употребува новото име Република Северна Македонија, бидејќи тоа сега е дел од Уставот, доколку биде иден претседател, но и дека ќе се обиде да оспори делови од Преспанскиот договор пред Меѓународниот суд.

За претседателскиот кандидат Блерим Река, договорот е вин-вин ситуација, Грција го сочувала своето атничко минато, а Македонија ја доби својата европска иднина.

Тема на дебата беше и иднината на СЈО како и бегството на Груевски. Пендаровски бараше од неговата соперничка да искаже став за правдата кога станува збор за Груевски на што таа одговори дека гревовите на партијата не се нејзини гревови. Државните ресурси во изборната кампања беа дел од дебатата.

Сите кандидати се согласни дека во државата има длабоки поделби кои, кога би стапиле на функцијата, ќе се заложат да ги намалат.