Македонскиот режисер и драматург Златко Славенски ненадејно почина денеска во Скопје.
Режисерот потпиша многубројни театарски претстави, како „Соларис“, „Супернова“, „Папокот на светот“, „Бесови“, „Сината птица“, „Амадеус“, „Розенкранц и Гилденстерн“. Славенски во богатата кариeра ги има поставувано текстовите на Шекспир, Гете, Пинтер, Горан Стефановски, Сашко Насев, Венко Андоновски.
Златко Славенски работеше како редовен професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје по предметот театарска режија, каде ги завршил и своите студии. Роден е во Скопје, во 1966 година.