Националната арена во Скопје преименувана во „Тоше Проески“

Сподели

Националната арена „Филип Втори“ во Скопје е преименувана во Национална арена „Тоше Проески“, одлучи Владата на денешната седница. Веста на Твитер ја потврди портпаролот Миле Бошњаковски.

„На редовната 129. седница, Владата денеска донесе одлука за преименување на стадионот во национална арена „Тоше Проески“ во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионалната современа историја“, напиша Бошњаковски.