Се застрела поранешниот претседател на Перу обвинет за мито и корупција

Сподели

Алан Гарсија, поранешен претседател на Перу се застрелал утрово, откако полицијата дошла пред неговата врата за да го уапси по обвиненијата за корупција.

По инцидентот, повредениот Гарсија бил пренесен во болницата во местото Касимиро Улоа. Од болницата информираат дека поранешниот претседател е опериран и е во критична состојба.

Гарсија се сомничи дека примил мито за изградба на метро во Лима во текот на вториот претседателски мандат од 2006 до 2011 година, за кој го теретат дека зел над 30 милиони долари.