Од утре медицински персонал теренски ќе ги вакцинира по училиштата, оние што не ја примиле вакцината против морбили.
Одлуката доаѓа по прогласувањето на епидемија на морбили која е прогласена во целата држава. Комисијата за заразни заболувања донесе одлука да се забрани да се носат невакцинирани деца во градинките.
Според министерот за образование, Арбер Адеми, кампањата не е агресивна.
„Мислам дека воопшто не е агресивна кампањата, а треба да биде агресивна, имајќи ја предвид ситуацијата со која се соочуваме. Имаме епидемија и недозволиво е институциите да стојат со скрстени раце, туку треба да бидат поактивни, да излезат на терен и да ја подобрат ситуацијата“, изјави министерот Адеми.