Судот во Лондон го казни основачот на „Викиликс“ Џулијанс Асанж на 50 недели затвор поради кршење на условите за кауција. Пресудата е прочитана и во судот во Лондон.
„Од моето гледање на работите, сериозноста на кривичното дело кое сте го направиле, бара казна чија тежина се ближи до максимумот. Казната ќе биде 50 недели во затвор“, одлучила судијката Дебора Тејлор.
Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж вчера поднесе кривична пријава против властите на Еквадор обвинувајќи го дипломатскиот персонал во Амбасадата во Лондон дека го шпионирал. Се наведува дека шпионажата била спроведена со помош на „Промсекјурити“, приватна фирма која управува со електронскиот надзор во Амбасадата на Еквадор во Лондон.
Мислењата на јавноста за Асанж се поделени. За некои е херој кој открива злоупотреби на моќта, додека за други е опасен бунтовник кој ја загрозил американската безбедност.