МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Утринската температура се движеше од 0 до 8 степени, а дневната ќе изнесува од 19 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Температурата ќе се движи од 5 до 24 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има врнежи од дожд. Тоа ќе биде почетокот на период на нагло заладување, со променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (околу 30 л/м2) и проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град.
Во вторник, поради спуштање постудена воздушна маса, ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите, УХМР.