ДИК: Излезноста до 13 часот е 20,73%

Сподели

До 13 часот излезноста на претседателските избори е 20,73 % или досега гласале 359.024 избирачи – соопшти Државната изборна комисија.

Гласањето се врши на 3.480 гласачки места.

Крива Паланка, Крушево, Прилеп и Кратово се засега општини со најголема излезност, а со најмала остануваат Врапчиште и Желино.