Рената Дескоска – претседател на Советот за следење на реформите во правосудството

Сподели

Владата на Република Северна Македонија на својата денешна 134 седница, ја усвои информацијата со која Претседателот на Владата на РСМ, на своја иницијатива, се повлекува од местото Претседател на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022 година), и утврди дека оваа функција ја презема министерката за правда Рената Дескоска.