Пендаровски и официјално нов претседател на државата

Сподели

 

-“Денеска официјално го примив Уверението за избран Претседател на државата од Државната изборна комисија. Особено сум горд на овие претседателски избори. Имавме кристално чист изборен процес, по европски стандарди и за првпат по 25 години сите кандидати ги признаа резултатите од гласањето. Голема благодарност до ДИК и сите учесници за покажаната професионалност на високо ниво.” – изјави новоизбраниот претседател на државата, Стево Пендаровски.