Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе поднесе иницијатива до Собранието, сите пратеници доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства. Бараме Собранието во понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе.
Воедно, предлагаме и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, аднинистративни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да ни се придружат во намерата и на нашите граѓани да им дадеме добар пример во борбата против (зло)употребата на наркотични средства. Ги поттикнуваме сите вршители на јавни функции да го направат истото доброволно – стои во соопштението на Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.
Нашето мото е: Конкретни предлози и чекори за позадоволни граѓани.