Средба на претседателот Пендаровски со шведскиот амбасадор Стафансон

Сподели

 

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, го прими амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон.

Двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шведска, кои се карактеризираат со пријателство и заемно разбирање. Претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете држави, и посочи на потребата за интензивирање на комуникацијата на високо и на највисоко ниво.

 

 

На средбата претседателот Пендаровски ја истакна важноста на континуираната шведска поддршка за интеграција на Република Северна Македонија во Европската унија. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази очекување за скорешно одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, истакнувајќи дека идното членство на Република Северна Македонија и на земјите од регионот во Европската унија е важен предуслов за обезбедување на напредок и трајна стабилност.

Амбасадорот Стафансон на претседателот Пендаровски му пренесе честитки од шведскиот крал Карл XVI Густаф и од шведскиот премиер Стефан Ловен по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата.