РЕМЕНСКИ: Вистинската реформа треба да биде соочување со минатото и одговорноста на сите

Сподели

Пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски, за вчерашната комисиска расправа во Собранието, на својoт ФБ профил напиша:

“Реформа во буквална смисла подразбира процес на подобрување или измена на тоа што не е во ред, тоа што е незадоволително.

Вчера во Собранието се водеше комисиска (материјална) расправа за предлот-законот за реформата на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Донесувањето на квалитетен закон што за првпат јасно ќе ја озакони и уреди работата на новата институција е само еден (правен, административен) дел од реформата која подразбира многу повеќе од носење на закони.
Овој процес на реформа треба и има шанса да ја валоризира паролата “Никогаш да не се повтори!” и “Одговорност мора да има!”. Овие пароли беа дел од нашето/граѓанско мото “Нема правда, нема мир!”, за кое се бореа сите слободоумни граѓани, сите политички затвореници, сите прогонувани и луѓето кои не сакаа да бидат предмет во експерименталната кујна на параполициските структури и штабови и беа жртви на политичката тајна служба. Дојде редот да се реформира.

Службата која во периодот на режимот креираше и контролираше политички процеси и го злоупотреби апаратот за масовно кршење на правата на граѓаните, не може да одолее на созреаната потреба да се соочи самата до себе. Од една страна се оние кои сакаат просто ребрендирање на “фирмата” која мисли/се надева дека “ќе продава стара роба на домашен пазар”, а од друга страна се оние кои сакаат коренити и суштински промени и вистинска реформа. Оние кои сакаат само шминка од реформа се истите оние кои спроведуваа “политики” на штета на демократските процеси на државата и немаа ниту глас, ниту храброст како малкумина од таму (најмногу Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски) да застанат против злоупотребите и да разобличат ѕверства.

Вистинската реформа и прочистување, и воспоставувањето на новата структура на новта безбедносна служба (Агенција за национална безбедност) не може и не смее да биде ниту милостина, ниту транзит, ниту неоснована казна за ниту еден вработен таму. Вистинската реформа треба да биде (за првпат) соочување со минатото и одговорноста на сите, за сите процеси во државата во кои гинеа луѓе, гинеа полицајци, се креираа “мали војни”, се организираше упад во Собранието, се дискредитираа луѓе и авторитети и се глумеше/глуми невиност и професионализам.

Доприносот на секој вработен таму е математички мерлив. И успесите и неуспесите имаат константи и имаст имиња и презимиња. Прашањето е само кој ќе го мери и по чии аршин.

Ако основното мото на реформата е декриминализација, департизација и деполитизација, тогаш е време да го спроведеме како што очекуваме сите ние, како што очекуваат граѓаните и нашите меѓународни пријатели кои чекаат да видат дели има мотото “никогаш да не се повтори”, може да се претвори во “кога повторно ќе се повтори”.

За да се оствати стратегијата на реформата 3Д во ниту еден случај не смее да има учедтво на пратеници (претставници на политички партии) во кадровската селекција на вработените во Агенцијата и мора да има вистински ветинг, а не социјален пакет за лицата кои Прибе ни ги кажа дека ги има во голем број и никој не знае што се работеле.

Се борам и зборувам за оваа суштинска реформа, иако изгледите да биде така се минимални.

Одговорноста е наша, заедничка.

Вистинско време е да направиме реформа без озаконување на неказнивоста, неодговорноста и мејк-ап-ерите кои се надеваат дека тие (повторно) (ќе)ги креираат политичките процеси. Или ќе се престроиме зад правото, вредностите и интересите на државата или, ќе се срамиме за неискористената шанса да создадеме институција која никогаш повеќе нема да биде предмет на политички пазарења, туку вистински заштитник на државата и нејзините стратешки интереси.

Време е опозицијата да излезе со став за тоа дали ја условува/пазари поддршката на законот за реформа на УБК со политичко учество на пратениците во селекцијата на вработените во новата Агенција и барање за социјален пакет за безбедносно неподобните во УБК и трансфер во други државни органи, а не вистински ветинг?

Оваа Влада покажа дека има храброст да се фати во костец со 30-годишниот нерешен проблем и успеа .

Успехот на оваа реформа не е прашање на храброст, туку одговорност пред
мотото “Нема правда, нема мир!” и “Никогаш да не се повтори!”