РКЕ: Исклучените од системот за парно да не ги плаќаат сметките за април

Сподели

 

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски денеска изјави дека исклучените од системот на парно греење што добиле сметки за април да не ги плаќаат, бидејќи тие ќе бидат сторнирани.

Бислимовски ги извести сите исклучени граѓани кои доставуваат барања за ослободување од обврската за плаќање до БЕГ, во случаите кога компанијата нема да ги прими, бидејќи не им се совпаѓа адресата од личната карта, со адресата на имотниот лист, да поднесат претставка до Регулаторната комисија за енергетика.

Потребно е да донесат копија од лична карта, имотен лист не постар од еден месец, извод од матична книга на родени на лицето што живее во станот или договор за издршка доколку во него живеат родителите, како и сметки за платена струја од последните шест месеци. Доколку станот е даден под кирија, покрај овие документи треба да достави и договор за закуп.