Во четврток ќе се одлучува за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Сподели

Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања во Собранието на Република Северна Македонија во четврток треба да расправа за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

Седницата е закажана во 11 часот, со единствена точка на дневниот ред, утврдување на Предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој е во бегство.

Причината поради која оваа точка е ставена на дневен ред е дека ова прашање ќе се разгледува поради неоправданото отсуство на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ повеќе од шест месеци, е наведено во собраниските материјали.

Ова известување до претседателот на комисијата Павле Богоевски го доставил претседателот на Собранието Талат Џафери минатата недела.