Македонија се приклучува кон Иницијативата за перформанси на примарна здравствена заштита

Сподели

На предлог на Министерството за здравство, Влада на Република Северна Македонија ја прифати информацијата за приклучување на нашата држава кон Иницијативата за перформанси на примарна здравствена заштита.

Вклучувањето во ова тело овозможува пристап до меѓународна експертиза, вмрежување и зајакнување на капацитетите, но исто така носи и обврски за посветеност кон комплетирање на профилот и заедничка проценка на функционалните капацитети на примарната здравствена заштита.

Иницијативата е основана во 2015 година, од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, World Health Organization (WHO) и Групацијата на Светска банка и работи на унапредување на примарна здравствена заштита.

Нејзината цел е да ги поддржи земјите во нивните напори за постигнување универзална здравствена покриеност преку развој на алатки за мерење на перформансите и стратегии за подобрување на системот на примарна здравствена заштита. Северна Македонија станува дел од ова тело, на покана токму на Иницијативата за перформанси на примарна здравствена заштита.