По повод датумот 23 мај, Националниот ден на Власите, претседателот на Собранието, Талат Џафери, го честиташе празникот на Влашката заедница на Република Македонија. Џафери во писмото со честитки изрази благодарност и почит за Власите во земјата.
“Република Северна Македонија е богата земја, богата со многу празници, со многу заедници, јазици, култури и вери. Таа е слика со илјада бои во која секоја си наоѓа свое катче во кое ја изразува својата посебност и убавина и за да биде сликата цела, секој треба да ја чувствува и негува со почит и разбирање.
Придонесот на влашката заедница во Република Северна Македонија е сеприсутен и значаен за севкупниот општествен живот на земјата. Власите се познати како богат и учен народ, имаат многу истакнати личности кои живееле и работеле во нашата држава, активно вклучени во политиката, во уметноста, во науката, во културата, образованието и медицината. Затоа, дозволете да изразам благодарност и почит кон вас. Да продолжиме и во иднина да чекориме заедно напред, кон креирање на заедничка успешна приказна, темелена на взаемна почит и доверба, сплотени во нашата различност а сепак единствени во остварување на заедничките цели.” – се вели меѓу во писмото на Џафери