ЗАЕВ: Повлекувањето на Богоевски е храбра и морална одлука

Сподели

 

„Многу е важно секој од функционерите каква одговорност носи во делот на  неговото извршување на обврските пред граѓаните, пред институцијата и  државата. Секогаш кога одреден дел од неговиот приватен живот нема влијание врз извршувањето на работите, сметам дека е добро и тоа го искоментирав. Но, тоа е негово право на лична и морална одлука и јас ја поздравувам оставката. Тој е одличен пратеник и е еден од симболите на Шарената револуција, а најголемиот симбол се сите наши граѓани секако. Ќе ми биде задоволство да продолжам со таков човек да работам. Верувам, како и да одлучи да работи ќе ми биде драго да соработувам со него. Си ја сака земјата до небото, сака да се вгради во нејзиниот успех и верувам дека ќе најдеме начин за идни соработки“, – изјави премиерот Заев по оставката на пратеникот Павле Богоевски.

Изјави, Зоран Заев