Џафери: Мандатот на Груевски пред пратениците меѓу 10 и 15 јуни

Сподели

 

Седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, ќе се држи на собраниска седница меѓу 10 и 15 јуни, брифираше денеска собранискиот спикер, Талат Џафери.

Спикерот Џафери рече дека на истата седница би можело да се расправа и по  предлогот за реконструкција на Владата.

„Пред 10 јуни нема да биде зашто пратениците имаат обврски, а после 15 имам планирано службено патување во Кина. Така што нема пречка двете точки да се стават на дневен ред на иста седница“, рече Џафери.