ЦИВИЛ: Спортот треба да ги надминува етничките разлики, а не да ги разгорува

Сподели

Во пресрет на денешниот пречек на ракометарите на „Вардар“ коишто вчера ја освоија европската титула, ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани да не потклекнуваат на провокации и мирно и достоинствено да го прослават враќањето на европските шампиони.

Ги повикуваме ракометарите остро да го осудат секој обид за ширење на говор на омраза и насилство!

Бараме од институциите да реагираат на време и да не дозволат уште една „прослава на омразата“! Да ги преземат сите мерки, да ги истражат овие случаи и итно да го санкционираат поттикнувањето на насилството и ширењето на меѓуетничка омраза.

Ги повикуваме и охрабруваме граѓанките и граѓаните да ги пријават сите случаи на говор на омраза и дела од омраза.

ЦИВИЛ најостро ги осудува сите форми на поттикнување на насилство, говор на омраза и предизвикување на меѓуетничка омраза.

ЦИВИЛ и понатаму ќе го следи развојот на настаните поврзани со синоќешните инциденти. Неказнивоста на овие дела мора да запре засекогаш!