Димитров: Уверени сме дека Франција ќе ја препознае нашата жед и работа за создавање стабилна и просперитетна европска демократија дома

Сподели

 

„Уверени сме дека Франција ќе препознае дека, нашата жед и работа за создавање стабилна и просперитетна европска демократија дома, целосно се совпаѓа со визијата и напорите на претседателот Макрон за силна, стабилна и просперитетна Европа“, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров при работната посета на Париз заедно со вицепремиерот Бујар Османи.

За време на посетата, тие се сретнале со државниот секретар за европски прашања, Амели де Моншален во француското Министерство за надворешни работи и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

Соговорниците биле детално брифирани за постигнатиот напредок во клучните области кои се дел од заклучоците на Советот на Европа минатата година, а се солидна основа за донесување одлука за почеток на преговорите оваа година.

Биле дискутирани и можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји во областите од заемен интерес.