Оставката на Груевски доставена на 5. јуни во Собранието

Сподели

Најавената оставка од пратеничката функција на Никола Груевски е доставена во Собранието пред два дена.

Се очекува оставката да биде разгледана во понеделник на координацијата на претседателот на Собранието, Талат Џафери со пратеничките групи и тие да донесат одлука дали ќе биде ставена на дневен ред на првата наредната седница закажана за вторник. Веќе се води постапка за одземање на неговиот мандат, а точката на дневен ред е ставена на истата седница.

Доколку Џафери и координаторите на пратеничките групи во понеделник одлучат да ја прифатат оставката на Груевски доставена преку нотарски акт како лична изјава, таа ќе се најде на дневен ред на 102. седница на Собранието закажана во вторник на 11 јуни.